Утрински Весник
Македонија

Филипче: Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати

Препораката од Комитетот за имунизација е покрај повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид-19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, кажа министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми.

Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица.

Над 47 отсто од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани. На територија на цела државата од вкупното населени, 38,2 % примиле една доза вакцина. Според општини, најмногу вакцинирани – со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%; над 60% Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Охрид; Над 55% – Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово; Под 30% Липково, Македонска Каменица, Ново Село.

Во моментов државата располага со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека. Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се одвива во 7 те Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари. Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза.

Последната анализа на Министерството за здравство покажува дека 77 проценти од новите случаи и 79 отсто од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани, а дури 85 проценти од смртните случаи во период од 6 август до 26 септември биле невакцинирани.

Можете да прочитате

Маричиќ со свечена заклетва го презеде мандатот како претседател на ДИК

Парламентарното собрание на Советот на Европа со одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Стоилковиќ: Тој што прима плата, мора и да оди на работа