Утрински Весник
Македонија

Филипче: Треба да ги вакцинираме своите деца, јас ќе го направам тоа

Филипче: Треба да ги вакцинираме своите деца, јас ќе го направам тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во Охрид потврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата.

Вчера здравствените власти најавија дека од понеделник и децата oд 12 до 16 години ќе може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“.

„Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на ‘Фајзер’. Така да, јас директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече министерот чиј син има над 12 години.

Засега здравствените власти немаат донесено одлука за воведување на дополнителни мерки на границите.

Комисијата за спречување на заразни болести ќе заседава утре и ќе одлучи дали ќе се воведат некакви ограничувања на границите.

Можете да прочитате

Силјановска Давкова ги демантира написите: Фотографијата со претседателот Трамп е вистинска

Николоски: Иницираме да потпишеме Договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за развој на патната и железничката мрежа

Давкова објави дека била на приемот од Трамп и објави слика со неговата восочна фигура