Утрински Весник
Македонија

Филипче: Спасовски има покачена температура, но состојбата му е стабилна

Филипче: Спасовски има покачена температура, но состојбата му е стабилна

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е хоспитализиран од вчера, потврди министерот за здравство Венко Филипче, по денешната седница на Советот кај безбедност кај претседателот Стево Пендаровски на која стана збор за ситуацијата со пандемијата на коронавирус.

Според Филипче, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Спасовски позитивен резултат на тестот за коронавирус доби пред два дена. Тој објави дека има благи симптоми и дека е во домашна изолација.

На Инфективната клиника хоспитализиран е и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој исто така е заразен со коронавирус.

Позитивен резултат од вчера имаат пратеничката Славјанка Петровска која објави дека има благи симптоми, националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, a заразена е и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор