Утрински Весник
Македонија

Филипче со својот грчки колега ќе разговара за координација помеѓу двете држави за патувањатa

Филипче со својот грчки колега ќе разговара за координација помеѓу двете држави за патувањатa

Министерот за здравство Венко Филипче ќе патува во Атина каде што со неговиот грчки колега ќе разговара за координација помеѓу двете држави околу патувањата и отворањето на границите.

Тој на денешната прес-конференција посочи дека Европската комисија вчера излегла со пакет мерки за патување во ЕУ и согласно препораките за координирано делување, денеска ќе се одржи тој состанок во Грција.

– На средбата ќе размениме искуства за досегашното менаџирање на кризата, кои треба да помогнат во понатамошната битка со вирусот, подготовките на здравствениот систем за следниот период кога се очекуваат нови пикови, и најбитно од сè, за координација во однос на отворање на границите и аеродромите – изјави Филипче.

Министерот за здравство појасни дека во земјите во регионот постојат различни ставови и национални политики, кои е потребно да се координираат, бидејќи едни најавија дека ќе бараат тестирање, а други не. Според Филипче, тестовите не се најголема сигурност во однос на патувањата.

Тој оценува дека државата следниот период ќе биде оптоварена со патници кои транзитираат, па оттука и треба да се размисли за мерката карантин.

Филипче за следната недела најави дека ќе имаат информации дали регионот ќе има унифициран пристап кон патниците, за да не се создаде конфузија. Поради ова, ќе се одржат координативни состаноци со регионалните министри.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!