Утрински Весник
Македонија

Филипче: Состојбата со новозаразени од Ковид-19 стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство Венко Филипче преку негова објава на фејсбук статус информираше дека имал состанок со директорите на кликите и на ковид центрите на која била направена евалуација на состојбата од Ковид-19 во однос на хоспитализациите за време на викендот па се до денеска.

Според него, состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на…

Posted by Венко Филипче on Понеделник, 19 април 2021

„Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, додаде министерот, без да потенцира, дали Комисијата за заразни болести ќе ги продолжи рестриктивните мерки.

Неофицијално, се очекува мерките да продолжат уште една недела, односно полицискиот час да трае од 20 од 5 часот, а угостителските објекти да останат затворени, но официјална одлука нема.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата