Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче: Состојбата со Ковид-19 може уште повеќе да се влоши за време на празниците

Филипче: Состојбата со Ковид-19 може уште повеќе да се влоши за време на празниците
Img 7972

Капацитетите за лекување на коронавирус низ ковид-центрите и болниците се речиси целосно исполнети. Министерот Венко Филипче кажа дека лекувањето на пациентите трае подолго од претходните месеци, кога по 14. ден тие се сметаа за излечени. Најголем дел од пациентите добивале влошена здрваствена состојба од 12. до 14. ден од заразувањето со коронавирус.

„Сите дополнителни одделенија се речиси исполнети, има по неколку слободни места. Со системот на визити и испуштања се создаваат дополнителни места. Во функција е болницата во Козле, која има кислород, има кадар и тука се хоспитализираат пациенти. Имаме клиничка слика на болеста различна од претходната.

Хоспитализацијата трае подолго, а за разлика од претходно кога по 14 дена пациентот во најголем број случаи се сметаше да излечен, сега има влошување и кај помладите пациенти во 12., 13.,14. ден со драстично влошување на белите дробови и крвта кое начесто завршува лошо. Во однос на смртноста, тоа е така висока насекаде во регионот“, кажа Филипче.

Според Филипче, состојбата можела да се влоши за време на претстојните празници и затоа мерките се заоструваат.

„Овие сегашни мерки ги стабилизираа мерките, пикот се надевам нема да има измени, беше на 1 април, но сега се намалува. Огромен е бројот на хоспитализирани пациенти. Сметаме дека празниците кои доаѓаат можат да ја комплицираат ситуацијата, не сакаме да дозволиме во периодот кој доаѓа да се оптовари здравствениот систем, кој тешко може да го изменаџираме, а епидемиолошката слика да стивне. Има намалување на инциденцата во споредба со претходната кај голем дел од граѓаните. Има градови каде е сè уште висока, а тоа се: Куманово, Кичево, Битола и Тетово, а тоа е ризик за целосниот здравствен систем“, додаде Филипче.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија