Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Сите испитувања одат во насока дека ќе биде потребнa трета доза oд вакцината

Филипче: Сите испитувања одат во насока дека ќе биде потребнa трета доза oд вакцината
Img 7972

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека во земјава во моментот има околу 300 илјади дози вакцини и објасни дека секоја недела пристигнуваат пратки од„Фајзер“, преку Ковакс-системот.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.

Во своето обраќање Филипче појасни дека никогаш, ниту тој, ниту бил кој здравствен работник во светот не кажал дека вакцината целосно штити од вирусот, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот.

„Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи кај нас се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети“, појасни тој.

Според него, секаде во регионот болниците се оптоварени со невакцинирани пацинети.

„Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да ја предвидиме ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста“, увери Филипче.

Можете да прочитате

Познато кога почнува исплатата на покачените пензии за септември

УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале газдите на „Пулс“ за можни контроли во замена за подароци

Зголемен број млади со симптоми на труење по консумирање храна во сендвичарница во Штип