Утрински Весник
Македонија

Филипче: Се подготвуваме за втор бран на Ковид-19 наесен, почнуваме голема инвестиција во здравствениот систем

Филипче: Единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на коронавирусот

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Ќе ги опремиме, посочи тој, сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехио апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита.

– Покажавме што значи да се работи во интерес на граѓаните и како одговорно и навреме се делува во случај на криза, покажавме дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи и тоа уште подобро ќе го правиме кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и граѓаните, додаде Филипче. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, преку бегалецот Васко Ковачевски и други функционери, се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол

Чупеска: Потребни се реформи а не политички деспотизам со упад во судството 

СДСМ: 240.000 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол-омилениот снабдувач на ДПМНЕ