Утрински Весник
Македонија

Филипче: Се задолжи ФЗО да изнајде решение за мајките на кои им завршува породилното отсуство

Филипче: Се зголемува бројот на тестираните на дневна основа, бројката на дијагностицираните останува приближно иста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со изнаоѓање решение за мајките на кои во овој период им завршува породилното отсуство рече дека утрово ова прашање го дискутирале на Централниот штаб на кој се задолжи Фондот за здравствено осигурување да изнајде решение.

-Дискутиравме за две можни решенија – дали може технички да се запишат административно децата во градинка или Фондот да го продолжи породилното отсуство. Дозволете согласно ова задолжување да се изработи соодветно решение, верувам до крајот на неделата, но една форма на решение сигурно ќе има, ќе може или продолжување на отсуството или запишување во градника, но решение ќе се изнајде, посочи Филипче.

Додаде дека постои можност уште во текот на утрешниот ден да ги завршат сите состаноци, а јавноста ќе биде информирана. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините

Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици