Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче изразува жалење и не разбира зошто од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии се блокираат средствата од Светска банка наменети, меѓу другото, за здравствениот систем да може да одговори на потребите на пациентите со Ковид-19.
– Навистина жалам што дополнителната заменик-министерка не го потпишува заемот. Имавме прашања од нејзина страна на кои одговоривме осум пати. Станува збор за кредит, помош што е од Светска банка за оваа намена за поддршка на здравствените системи. Во светот кредити земале повеќе од 100 земји и тоа е итен и брз кредит, а ние два месеца одговараме на прашањата на дополнителата заменик минситерка, рече Филиче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека средствата се за опремување на инфективните одделенија во целата држава, за интензинва нега низ целата држава, кревети, респиратори, аспиратори, мобилни ренген апарати и се што значи квалитетен третман на овие пациентите.
– Не можам да ја сфатам причината зошто се прави тоа и се прави сериозен хендикеп на здравствениот систем во оваа фаза, кога сите земји во светот го прават тоа, и кога не знаеме што не чека од септември, кога сите земји предвидуваат уште еден посилен бран, рече Филипче и додаде дека кога ја имаме шансата за брз кредит сега имаме ваков проблем. скс/сп/