Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пушачите поранливи на Ковид-19, затоа треба да бидат внимателни

Филипче: Пушачите поранливи на Ковид-19, затоа треба да бидат внимателни

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на Ковид-19 и затоа треба да бидат особено внимателни, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Пушачите, посочува министерот, исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.

Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања, како што е пневмонијата, истакнува Филипче. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар