Утрински Весник
Македонија

Филипче предлага полицискиот час да остане до 15 јуни

Филипче предлага полицискиот час да остане до 15 јуни

Министерот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.

Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.

Од Министерството за здравство наведуваат дека епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид – центрите на територија на цела држава.

На Клиниката за инфективни болести првпат од почетокот на пандемијата лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии.

„Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани“, велат од МЗ.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот