Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пораките на поглаварот на ИВЗ дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста кај граѓаните. Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот.

– Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, посочува Филипче. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка, бара Левица

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија