Утрински Весник
Македонија

Филипче: Помлади од 60 години нема да се вакцинираат со АстраЗенека

Untitled 155

Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва во гостување во „Клик плус“ на ТВ21.

„Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со ‘Астра Зенека’ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на повозрасни граѓани, на возраст на 77 години“, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „Астра Зенека“ по одлуките на Канада и на Германија.

„Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори“,
додаде Филипче.

Денеска Германија одлучи да ја запре вакцинацијата на лица помлади од 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, а Канада пак одлучи да не ја дава на лица помлади од 55 години.

Филипче истакна дека очекува до крајот на месец април, очекувањата се да пристигнат 300 илјади вакцини.

„Во Србија има претставништо на Фајзер, и можеби тоа е причина зошто најрано од сите стигна до вакцини. Во Албанија има вакцини кои стигнаа од Фајзер, од Ковакс, и стигнаа преку Турција. До крајот на овој месец очекуваме да дојдат близу 300 вакцините, тоа се 200 илјади од кина, 76 илјади од КОВАКС, и 25 илјади од ЕУ. Дефинитивно да е тоа планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош