Утрински Весник
Македонија

Филипче повторно апелира на почитување на препораките за заштита од коронавирус

Филипче повторно апелира на почитување на препораките за заштита од коронавирус

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил повторно апелира граѓаните кои биле во некој од ризичните региони во Северна Италија, да останат во самоизолација 14 дена, бидејќи на тој начин се штити семејството и сограѓаните, а ако за време на изолацијата почувствуваат симптоми да го контактираат локалниот Центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица, вели Филипче, кажувајте им исклучиво точни информации.

– Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество. Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, посочува Филипче. рп/са/

Споделете и следете ги овие препораки.

Posted by Венко Филипче on Среда, 26 февруари 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство