Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот
Img 7972

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки.

-Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да се предвиди кога ќе биде пикот во земјава и ова што го кажувам треба да се земе со резерва зашто се базира на некои претпоставки, проценки и матеметики. Можно е бројот на заболени пациенти во нашата земја да достиген до 2.000, а пикот да биде за околу еден месец од сега, рече Филипче во одговор на прашање на денешнат апрес-конференција во Владата.

Тој посочи дека земјава има доволно резерви на маски и дезифекциски средства и како што рече, во овој момент или во скоро време тоа не би требало да претставува проблем.

-Маските не се нешто што не загрижува бидејќи имаме повеже од дваесет и неколку илјади на располагање и дозвола и од Бирото за јавни набавки и од Државната комисија за спречување на корупција не само Министерството за здравство, туку и секоја институција да може да набавува за себе, согласно итноста на ситуацијата. Разговарамве со наши производители за производството на дезифициенци и не уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено и оти не размислуваат на извоз во овој момент, рече Филипче.

Нагласи дека маските и дезифициенците нема да бидат проблем и за граѓаните бидејќи, како што рече, сите прават постапки и се во фаза на набавки.

-Мислам дека тоа нема да биде проблем. Можеби како проблем се осети до сега, но не верувам дека кризата и недостатокот ќе бидат сериозни, посочи Филипче. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца малолетници од Скопје пријавени за исчезнати во еден ден

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, живот мој, ме скрши на милион делови“

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)