Утрински Весник
Македонија

Филипче: Охрабрува бројот на излекувани, тоа е дополнителен мотив за лекарите

Филипче: Охрабрува бројот на излекувани, тоа е дополнителен мотив за лекарите

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Расте бројот на излекувани пациенти и тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари.  Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест  се лекувале во болница и 42  во домашни услови, соопшти министерот за здравство Венко Филипче попладнево на онлајн прес-кпонференција заедно со премиерот Оливер Спасовски.

За новите меки мерки Филипче рече дека се, всушност, зајакнување на превентивните мерки, нагласувајќи дека е многу важно носењето прекивка на дишните патишта за, како што рече, да се одржува стабилниот тренд и линераниот пораст на пациенти.

Во изминатото деноноќие направени се 660 тестови, а вкупно досега во земјава се направени 13 000 тестирања на КОВИД-19. Во врвот во регионот сме по направени тестови, а   уште повеќе ќе се скрати времето на чекање на резултатите зашто од вчера во функција е и лабораторијата во МАНУ.

Од денеска на Инфективна клиника, рече Филипче, поддршка на нашиот тим доброволно дава и кардиологот д-р Игор Палевски од универзитетската болница во Марибор, кој има големо искуство. Министерот му се заблагодари за придпнесот.

Филипче соопшти дека Државниот санитарен инспекторат денеска го завршил увидот во Велес и утврдени се наоди, а утре ќе биде направен конференциски разговор со директорот на Ценгарот за јавно здавје и на одделенија за да се одлучи како ќе се постапува понатаму.

Завршила и инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле во контакт со нив се во изолација. Работата таму е во фунцкија и е направена реорганизација. До петок или до понеделник ќе има нов распоред за делење на терапија за пациенти во Штип и во Тетово, како најголеми центри, за да не патуваат до Скопје.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со КОВИД-19, од кои 11 се во Скопје, девет во Прилеп,  тројца во Велес, по двајца во Куманово и Тетово и првпат еден дијагностициран во  Валандово. Во ГОБ „8 Септември“ почина 51-годишен пациент од Скопје, кој во болницата бил примен на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респиратор. хс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија