Утрински Весник
Македонија

Филипче: Останете дома, не се групирајте, заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните

Филипче: Останете дома, не се групирајте, заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Но, посочува министерот, тоа институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните.

– Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик. Сите информации и препораки ги имате на овој линк: https://vlada.mk/covid19 #ЗаштитиСе #СедиДома , истакнува Филипче. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско