Утрински Весник
Македонија

Филипче: Опозицијата продолжува да ги омаловажува здравствените работници

Mакедонија ќе почне преговори со „Фајзер“ за набавка на нивната вакцина

Во време на најголема здравствена криза со која се соочува човештвото, опозицијата продлжува со недолично однесување омаловажувајќи го трудот на здравствените работници кои од почетокот на ковид панедмијата се на првата борбена линија се грижат за здравјето на граѓаните и спасуваат човечки животи – порача министерот за здравство, Венко Филипче, денеска од Кочани каде беше во посета на новата модуларна болница.

„Ова е криза во која се соочуваме со многу проблеми, предизвици, за жал еве го гледаме однесувањето на опозицијата – едно непримерно однесување коешто е за голема осуда. Протестираат, викаат со транспаренти во моменти кога се соочуваме со најголемата криза во историјата на човештвото во нашата земја, посебно во делот на здравството. Тие ги омаловажуваат, се потсмеваат со трудот на здравствените работници коишто деноноќно работат, распределба прават, обезбедуваме болнички кревети се со цел да ниту еден пациент не остане без потребната болничка нега. Овој начин на однесување којшто е срамен – блокади на сето тоа што го правиме во изминатиот период за жал морам да констатирам продолжува и сега“, рече Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца