Утрински Весник
Македонија

Филипче: Не чуствувам одговорност за зголемување на бројката со коронавирусот, сите мерки беа издржани и аргументирани

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче (ВО ЖИВО)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека апсолутно не чуствува одговорност за зголемување на бројот на носители на коронавирусот по олабавување на мерките од страна на Владата.

-Апсолутно не. Сите мерки кои ги предлагавме до Владата беа издржани и аргументирани со многу параметри на дневна основа и на тие анализи кои се прават за период од две недели. Така се прави и кривата на преносливост и анализите и проценките како ќе се одвиваат натаму бројките. Секогаш има еден фактор што не може да се предвиди, а тоа беше што ова сега се случи, односно непочитувањето на мерките во рамки на некои настани, рече Филипче на прес-конференција.

Новата бројка на заболени, како што кажа, е резултат на семејни собири и прослави во период од 23-25 мај, а тоа е јасно стои во епидемиолошките прашалници.

-Огромен број луѓе веднаш кажуваат каде се движеле кога биле на гости колку чести биле тие контакти за време на семејните посети. Рестрикцијата на движење очигледно тогаш не се почитувала исто како и превентивните мерки за дистанца и носење маски, изјави Филипче. ев/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија