Утрински Весник
Македонија

Филипче: Не е потребна дополнителна терапија за тие што се вакцинираа во Србија

Филипче: Не е потребна дополнителна терапија за тие што се вакцинираа во Србија

Граѓаните кои примиле прва доза од вакцината на „Астра зенека“ во Србија нема потреба да земаат дополнителна терапија, рече денес министерот за здравство Венко Филипче. Сите ќе бидат ревакцинирани, за што министерот очекува дополнителни препораки.

„ За дел од граѓаните кои се вакцинираа во Србија сакам да кажам дека нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави ако некој примил доза. Да не земаат на своја рака клексан или фраксипарин против згрутчување на крвта, нема потреба. Ретки се случаите со несакани ефекти“, рече министерот Филипче.

Викендот и минатата недела претпоставките се дека во Србја вакцината на „Астра зенека“ ја примиле повеќе од 12.000 Македонци. Меѓу нив е и пулмологот Анѓелко Ѓорчев кому му се слошило по вакцината, паднал во длабока кома и сместен е во новиот Клинички центар во Ниш, но српските здравствени власти изјавија дека неговата состојба не е последица на вакцинирањето.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа