Утрински Весник
Македонија

Филипче: На Инфективната клиника од коронавирусот почина Драган Вучиќ

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, посочува Филипче, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.

-Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, напиша Филипче. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе