Утрински Весник
Македонија

Филипче: На двајца пациенти им е земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени од коронавирусот

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – На двајца пациенти кои се ковалесцентни односно се во фаза во која се носители на антителата против коронавирусот денеска првпат им беше земена крвна плазма со која треба да се лекуваат заболени.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во следните денови, исто како и терапијата со озон која се применува во Градската општа болница „8 Септември“, крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг