Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно кои не се докажани дека помагаат

Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно кои не се докажани дека помагаат
Img 7972

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, истакна дека ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.

„Насекаде во светот има многу клинички студии кои испитуваат, ние знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојни терапии за други болести или согласно симптомите коишто ги дава оваа болест. Мора да знаеме дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира. Во таа смисла апелирам да секој еден пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување, апсолутно само под контрола на лекар да прими соодветна терапија“, потенцираше министерот за здравство.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка