Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Сите тестови за Ковид 19 се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност, но за жал ниту еден тест не е 100 проценти тоен. Тестовите што се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораториите за вакви цели, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.
Како што дополни, за жал, починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Правевме проверка и во однос на правилното земање на брисот со оглед на тоа што кај секој тест се прави контрола дали содржи ДНК на пациентката и тоа е потврдено, што значи дека за жал спаѓа во тој многу мал процент на тестови за таа сенизитивност што за жал не е 100 проценти и не го дава точниот резултат, наведе Филипче.
Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.
-Ние практично спроведуваме една форма на масовен скрининг. Кога зборуваме за масовен скрининг, за пристап кон пациентите, за начинот на тестирање, во овие тестови кои се со исклучително висока сензитивност од над 99 проценти, кои што зборуваме и ги имаме, тоа се тестови на кои се детектира присуство на вирусот, се индицира тогаш кога има епидемиолошки податок заради тоа што сметаме, како и многу други земји, дека доколку се индицира и таму каде има постор за грешка, практично ќе добиеме лажни негативни резултати, што пак целосно ќе ја искриви сликата, рече Филипче.
Тој дополни дека постојат и тестови што ги анализират антителата, односно не го детектираат вирусот туку утврдуваат дали некој го прележал.
– Тие се со уште помал степен на сензитивност, од 80 проценти, што сметам дека во услови кога сме спровеле вака строги мерки за изолација, карантин, итн.. немаат цел да се спроведат. Тоа го смета и Комисијата за заразни болести. Тоа би било идентификација евентуално на пациенти кои ја прележале болеста дали на нога или во сосем лесна форма, меѓутоа затоа што не се сензитивни во висок процент сметаме дека нема да ги дадат точните податоци односно дека има исклучително голем процент на грешка што може да не води во погрешна насока. Формата на масовно тестирање како што ние сега спроведуваме е по строга епидемилолошка анкета, со задолжителен карантин и самоизолација и тестирање на сите примарни или секундарни контакти од висок ризик што впрочем се прави. Тоа го правиме од самиот почеток, рече Филипче.
Министерот за здравство повтори дека нема никаква цел да се тестира пацинет кој е потенцијално во период во кој трае инкубацијата на болеста заради тоа што теоретски резултатот може да е негативен до 13-от ден, а да биде позитивен на 14-от ден. Затоа, посочи, комбинацијата на строги мерки на самоизолација, прекин на сите контакти и тестирање откако ќе помине периодот на инкубација е најсоодветно за најточни и најпрецизни резултати досега. – Никој не правел скрининг, масовно тестирање на целото население. Со 100 процентна сигурност тоа не постои, тоа е нешто што често дава и грешни резултати потенцираше Филипче.лв/скс/