Утрински Весник
Македонија

Филипче: Комисијата ќе ја разгледа можноста за рестриктивни мерки за претстојните празници

Филипче: Комисијата ќе ја разгледа можноста за рестриктивни мерки за претстојните празници

Комисјата за заразни болести допрва ќе одлучува за рестриктивните мерки за прeстојните празници, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на модуларната болница во Битола.

„Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисјата нешто ќе препорача, на еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти“, нагласи Филипче.

Според министерот, земјите што вовеле карантини и пoлициски часови, многу построги од нашите, откако се појавил новиот бран повтроно не добиле резултати.

„Суштината е во почитување на веќе важечките превентивни мерки. Ние имаме балансирани мерки, има рестрикција во движење за категорија граѓани помлади за кои забележувме дека по завршувањето на работата на угостителските објекти се групираа по паркови, јавни површини и таму не се почитуваа превентивните мерки, ниту носеа маски, ниту се држеше дистанца“, објасни Филипче.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ застана рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, а обвинува дека Македонија се внесува во „српскиот свет“

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати