Утрински Весник
Македонија

Филипче: Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на коронавирусот

Филипче: Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на коронавирусот

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Но, посочува тој не треба да заборавиме за време на овие кризни ситуации да го негуваме и менталното здравје. Укажува на неколку совети за најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови:

Социјалната дистанца претставува намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и
зачестеноста на личниот контакт. Ова претставува и најблага мерка за која сите е добро да се
придржуваме додека се смета за потребно. Карантинот вклучува физичко одвојување и ограничување на движење за лица кои биле во контакт со заразен. Ваквото одвојување трае се додека медицинскиот персонал не се осигура дека лицето кое било во контакт не ги развило симптомите на болеста.
Изолацијата пак претставува физичко одвојување на лица кои го имаат вирусот од оние кои го немаат.
Ова вообичаено се одвива во здравствени установи или во сопствениот дом (самоизолација) доколку е
соодветно.

Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат различни
непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствува страв, вознемиреност и
загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од
членовите на семејството или пријателите кои се приморани да бидат во карантин заради контакт со лице
заболено од вирусот.

Зголеменото внимание на себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал, исто
така може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и
земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и
предизвикот во обезбедување основни прехранбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.
Често забележани чувства кои се развиваат во вакви ситуации може да вклучат: загриженост за
способноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и
иднината, осаменост заради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада заради
лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или
недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да преземеме нешто.

Подолу следуваат и неколку совети за што можеме да направиме за да ги намалиме ваквите емоционални доживувања.

Земето го во предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од
традиционалните медиуми имаат различно видување за ризикот во вакви ситуации, со голема
веројатност да е неточен и непроверен. Најдобро што може да направите е да следите проверени
информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурате дека е од соодветно државно/здравствено тело или агенција.

При тоа, избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми, бидејќи тоа може
дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Заради тоа, ограничете го приливот на различни
информации до вас и особено вашите деца. За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет конекција (пр. Скајп, Вибер, Месинџер…). рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност