Утрински Весник
Македонија

Филипче: Здравствениот систем е подготвен да прими многу поголем број пациенти

Филипче: И во ГОБ „8 Септември“ ќе се хоспитализираат пациенти со корона ако имаат потреба од други интервенции (ДПЛ)

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Може слободно да се каже дека здравствениот систем е подготвен да прими и многу поголем број на пациенти отколку што сега се третираат во болниците и мислам дека сме спремни и за пикот кој го очекуваме и според проценките би требало да биде на крајот на месец април, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање како ќе се справи нашиот здравствен систем кога ќе биде пикот со коронавирусот, посочи дека имајќи ја предвид целокупната поставеност на здравствениот систем, бројот на лекари специјалисти, бројот на матични лекари, пристапот на пациентите кон зравствената заштита кон институциите е сосем солидна.

– Го очекуваме пикот и понатаму и мислам дека моделот на третман на којшто ќе се лечат тешките, средно тешките пациенти во институции каде што има специјалисти по инфективна медицина, тука пред се мислам на Клиниката за инфективни болести со дополнителен капацитет кој практично сега ќе биде дуплиран, понатаму болницата „8 Септември“ каде има и инфектолози и инфективно одделение меѓутоа и други капацитети, сосем доволна бројка на болнички кревети во коминација со домашното лекување како на некој начин пример кој го земавме од пристап кон пациентите со коронавирус во Германија е сосем солиден и може да се аплицира во нашата земја, може да апсорбираме поголем број на пациенти, рече Филипче.

Според него, добро е што системот на некој начин е воспоставен меѓу повеќе нивоа на институциите во рамките на здравствениот систем.

Прашан колку епидемиолози и инфектолози има во земјава и дали тој број е доволен во овој период, Филипче рече дека имаме околу 60 инфектолози од кои значителен дел работат на Клиниката за инфективни болести, а останатите во одделенијата ширум државата.

– Генерално имаше дефицит на лекари. Изминативе две години огромен број лекари и медицински сестри се примија. Ние дадовме повеќе од пет илјади согласности за вработување, примени се близу 800 лекари, над илјада медицински сестри на неопределено време. Голем дел од нив веќе се упатени на специјализација, имаше огромна потреба во јавно-здравствените установи. Излеговме во пресрет буквално на сите пред се соочени со недостатокот на лекари посебно од одредени специјалности во одредени болници, рече Филипче, додавајќи оти кривата на учење кај лекарите зема многу долго време.

Тој одговарајќи на прашање дали меѓу заболените од коронавирус во земјава има епидемиозоли и инфектолози рече дека колку што знае во овој момент има еден инфектолог заболен од Куманово, и инфектолог од Штип кој е во самоизолација. Додаде, да не погреши ќе каже точно после проверката на податоците во Институот за јавно здравје. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка