Утрински Весник
Македонија

Филипче: За првпат во земјава ќе пристигне најсовремената и најскапа терапија за ковид-пациенти

Филипче: Пред 2-3 недели инфективните одделенија низ државата беа преполни

Министерството за здравство испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Притоа тој потенцира дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид-пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.

„Испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот ‘ремдесивир’. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас“, изјави Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредит од Светскаta Банка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме