Утрински Весник
Македонија

Филипче: Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Многу е важно личната заштитна опрема да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во препораките за правилно ставање, носење и вадење на маската, кои тој ги објави, се посочува дека таа треба да се прилагоди да биде прилепена за лицето, целосно да се покрие устата и носот, не треба да се допира со нечисти раце, а при вадењето не треба да се допира нејзиниот преден дел, туку тоа треба да се направи со помош на задните ластици. Пред да се стави и откако ќе се извади маската рацете треба да се измијат, нагласува министерот Филипче на својот ФБ профил. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Не поминаа предлог измените на Изборниот законик

На Комисија прифатен амандманот на Левица независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто од запишаните избирачи во ИЕ, за решението треба да се гласа и на пленарна седница

Собранието одлучи измените и доплнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка