Утрински Весник
Македонија

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите – собирите сериозно го загрозуваат здравјето

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите – собирите сериозно го загрозуваат здравјето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче го повика епископот на Повардарската епархија, Агатангел, да го повлече повикот до верниците да ги посетат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени.
-Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик е спротивен на сè што сега правиме да се заштити јавното здравје. И, секако, спротивен е и на многу уредби коишто Владата ги има донесено, а тоа е пред сè уредбата за забрана на масовни собири. Тоа е нешто кое доколку се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите кои ќе бидат таму присутни, како и јавното здравје, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод донацијата од ЕУ. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји