Утрински Весник
Македонија

Филипче: Достапна апликација за мобилните телефони за следење на информациите со КОВИД-19

Филипче: Достапна апликација за мобилните телефони за следење на информациите со КОВИД-19

 

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК“ за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од коронавирусот.

-Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон! Преземете ја апликацијата од koronavirus.gov.mk/app – следете ги најновите вести, дневни статистики и совети за како да се заштитите од коронавирусот, пишува на фб статусот на министерот Филипче. вг/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн

Данела повторно се обрати утринава: Смислиле ново сценарио