Утрински Весник
Македонија

Филипче: Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19

Филипче: Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

-Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19, наведува Филипче. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити