Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Знам дека дел од здравствените работници се изморени, на крајот од силите. Верувам дека ќе направиме се да се обезбеди поддршка, што веќе и го правиме во овие денови. Од Министерството за здравство ќе се мобилизираат апсолутно сите ресурси во здравствениот систем, за да се надмине оваа криза, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Здравствените работници, посочи министерот, буквално не се прибрани дома со месеци, изложени се на голем ризик, на долги смени, работат за да го спасат секој живот, и ова како граѓани сите ние мора да го почитуваме.
Потенцира дека секој граѓанин може и да помогне тоа да го прави со следење на едноставните три препораки, маска, дистанца и дезинфекција.
– Ова не е големо барање, ќе помогне да има помалку дијагностицирани и некој пациент повеќе да си оди дома од болничките установи. Ве молам да се почитуваат овие мерки, за да може здравствените работници да здивнат, да се ослободат од притисокот, заради тоа што тоа е единствениот начин да ставиме крај на оваа криза, додаде Филипче. рп/дма/