Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи

Филипче: Да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на социјалните мрежи изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од КОВИД-19.

– Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас – коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја. Се работи за 57 годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат, пишува Филипче на својот фејсбук профил.

Министерот за здравство изразува надеж дека сите граѓани ќе ја разберат сзериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме.

-Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори. Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи, напиша министерот за здравство на фејсбук. мд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка