Утрински Весник
Македонија

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, вели Министерот за здравство, Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.

Тој објави дека вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти.

„Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало“, соопшти министерот.

Како што додаде, препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски: Се водат повеќе предистраги и истраги за дивоградби, не се сомневам во работата на обвинителите

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: Во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби