Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ги повикувам институциите да ги истражат лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Ги повикувам институциите да ги истражат лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

3 март 2020 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со клеветите и инсинуациите за мене и за семејството на мојата сопруга. Повторно барам да се извинат за изнесените лаги. Апелирам да престанат да кажуваат невистини и да ме поврзуваат со сопственост на имоти кои ниту ги поседувам, ниту сум влијаел некој друг да ги поседува уште од 2015 година.

Денеска Стилоковски обидувајќи се да ја одржи во живот оваа банална приказна ме поврза со нови лица со кои, освен професијата, апсолутно ништо друго не не поврзува.

Срамно е преку вакви конструкции без никакви докази за моја поврзаност во врска со наводните имоти кои ги споменува Стоилковски, да се продолжува моето оцрнување и оцрнувањето на семејството на мојата сопруга.

Уште еднаш ги повикувам институциите да ги истражат овие лажни наводи на ВМРО-ДПМНЕ и да докажат дека на ниту еден начин не сум ја злоупотребил функцијата, ниту сум инволвиран во ова за што денеска бев бесправно обвинет.

Трагично е што во период кога сме посветени на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста.

доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен