Утрински Весник
Македонија

Филипче ги отфрла обвинувањата дека разрешувањето на директорот на ЦЈЗ-Скопје е политичко

Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

Скопје,  26 јуни 2020 (МИА) – Министерот за  здравство Венко Филипче ги отфрли обвинувањата на разрешениот в.д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје,  Арбен Зибери дека неговото разрешување  е политичко поради  неговата роднинска врска со кандидатот за премиер на ДУИ, Насер  Зибери.

Министерот филипче потенцира дека Зибери е разрешен поради тоа што пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести.

-Разрешувањето  следи по неговата изјава  во однос на работата  на Комисијата, со што сметам дека го поткопа угледот на нејзините членови,  кои во целиов овој изминат период се раководеа според професионални принципи. Одлуките кои ги носеа беа исклучително врз основа на медицинската наука – епидемилогијата. И сметам дека никој не смее да политизира и да добива политички поени на такво  едно сензитивно прашање. Во целиот овој изминат период, кога целокуипниот здравствен систем е посветен на проблемите кои произлегуваат од кризата со Ковид-19 имаше и дурги разрешувања. Тројца директори беа разрешени. Овој е четврти. Нема да дозволам никој да ја политизира стручната работа на Комисијата, да поентира  политички оти овие луѓе секојдневно без прекин работат четири месеци со цел да се заштити здравјето на граѓаните, изјави Филипче.ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби

Левица: Не разговараме за коалиција ниту со СДСМ ниту со ДУИ