Утрински Весник
Македонија

Филипче во Софија ќе разговара за да добиеме дел од првата пратка вакцини

Филипче во Софија ќе разговара за да добиеме дел од првата пратка вакцини

Министерството за здравство, информира дека министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од правата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање