Утрински Весник
Македонија

Филипче: Без групирања за Велигден, влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата

Филипче: Без групирања за Велигден, влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Категорично останувам на ставот дека не смее да има какво било групирање на граѓаните за време на Велигденските празници и дека тие доследно треба да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Тој, од првата негова онлајн прес-конференција одржана на јутјуб каналот, порача дека сите имаме одговорност и дека собирања од каков било тип се огромен ризик.

-Оваа форма на групирања воопшто не ја одобрувам. Апелирам до граѓаните ова да го сфатат многу сериозно, да го прослават празникот соодветно на состојбата и да се придржуваат до препораките, подвлече Филипче. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен