Утрински Весник
Македонија

Филипче: Барам МВР да спроведe истраги за забавите во повеќе градови

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Венко Филипче ја повика полицијата да спроведе истраги за забавите кои биле организирани деновиве во повеќе градови.

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, порача Филипче на Фејсбук.

Ваквата реакција доаѓа откако медиумите објавија дека и покрај забраната за работа на ноќните клубови, во Струмица два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола и веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност