Утрински Весник
Македонија

Филипче: Антитела ќе се испитуваат на товар на Фондот само под одредени критериуми

Филипче: Антитела ќе се испитуваат на товар на Фондот само под одредени критериуми
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека нема да може секој да испитува антитела на товар на Фондот, туку ќе бидат поставени одредени критериуми според кои ќе може да се прават такви тестови.

„ Со директорот на Институтот за биохемија заклучивме дека има категорија на граѓани кај кои има индикации да се прават испитувања за антитела. Затоа одлучивме да се врати одлуката, да се прават испитувања за антитела, на товар на Фондот, во Инситутот за биохемија, но ќе дадеме соодветни критуериуми, да не биде дека секој може да го прави тоа испитување, бидејќи финансискиот товар е премногу голем. Согласно тоа дали прележале или не прележале коронавирус или треба индикација за вакцина во одреден период ќе дадеме критериум и грашѓаните ќе можат да ги прават овие испитувања на товар на Фондот“ рече Филипче.

Можете да прочитате

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци