Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ако возрасните носат маски, децата ќе бидат целосно заштитени 

Филипче: Ако возрасните носат маски, децата ќе бидат целосно заштитени 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ако возрасните носат маски, малите деца ќе бидат целосно заштитени.

Според него, препорачаните мерки против коронавирусот треба да се почитуваат. И децата над 14 години треба да се придржуваат до мерките исто како возрасните.

-Сметам дека треба да се почитуваат мерките. Сметам дека не се почитуваат доволно врз основа на тоа што го видовме. Малите деца ќе бидат целосно заштитени ако возрасните ги носат маските. Децата над 14 години треба да се придржуваат до мерките исто како и возрасните, а најмалите во затворени простории, не како форма на прекривка. Исто така и кога е навистина голема група надвор кога не може да се одржи дистанцата. Така што сметам дека апсолутно со оваа мерка сите треба да бидат заштитени, истакна Филипче. мч/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви