Утрински Весник
Свет

Фејсбук ги отстранува сите антиваксерски содржини

Фејсбук ги отстранува сите антиваксерски содржини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Социјалната мрежа Фејсбук објави дека ќе ги отстрани сите лажни содржини за вакцината против Ковид-19 од своите платформи.

„Со оглед на неодамнешната вест дека вакцината против Ковид-19 наскоро ќе се појави низ целиот свет, во текот на следните неколку недели ќе почнеме со отстранување на лажните тврдења за овие вакцини“, велат од компанијата.

Фејсбук соопшти дека оваа одлука е дел од нејзината политика за отстранување на неточни информации за вирусот, пренесува ДПА.

„Ќе ги отстраниме дезинформациите дека вакцините против Ковид-19 содржат микрочипови, како и неточните теории на заговор дека вакцините се тестираат кај одреден дел од популацијата без нивна согласност“, се вели во соопштението на компанијата.

Фејсбук соопшти дека околу 12 милиони објави што содржеле дезинформации поврзани со пандемијата биле отстранети од март до октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат