Утрински Весник
Спорт

Фетел: Парите за мене никогаш не биле од големо значење!

Фетел: Парите за мене никогаш не биле од големо значење!
Dik 300x250 mk

Формула 1 возачот, Германецот Себастијан Фетел на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Ферари, а поврзано со заработувачката тој вели дека парите никогаш не му биле од големо значење.

„Веќе успеав да постигнам многу во Формула 1, сега мојата цел е да продолжам да напредувам и да постигнам повеќе. Ако бев загрижен за проблемот со парите, тогаш веќе ќе имам место во некој тим за следната сезона. Јас разбирам дека во минатото постигнав голем успех, но во исто време разбирам дека имав среќа на многу начини. Парите никогаш за мене не биле од големо значење, ниту сега ништо не се сменило. Само ми треба опција што ми се допаѓа. Ако не можам тоа да го најдам, тогаш веројатно ќе морам искрено да си кажам дека е време да заминам“ – изјави Фетел кој е четирикратен шампион во Ф1.

Договорот со Ферари му е до крајот на 2020-та година, по што станува слободен агент.

Германскиот возач во италијанската екипа заработуваше и по 40 милиони евра по сезона.

Како негова желба за идната сезона е тој да се врати во редовите на Ред Бул, но оттаму велат дека не се заинтересирани за негов повторен ангажман.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018