Утрински Весник
Спорт

Фетел: Имам исти размислувања како Грета Тунберг

Фетел: Имам исти размислувања како Грета Тунберг

Четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел вели дека би сакал да се сретне со шведската активистка Грета Тунберг и да зборува за Формула 1, бидејќи верува дека добро би се согласувале.

Фетел во последните години се ориентираше на повеќе еколошки активности – склопи партнерство со биофарма, изгради пчеларник со средношколци и собираше ѓубре на Ф1 трките минатата сезона. 19-годишната Тунберг, пак, е една од најпознатите еколошки активисти во светот и Фетел би сакал да го чуе нејзиното мислење за Ф1, серија која се обидува да стане еколошки одржлива до 2030.

„Навистина би сакал да поразговорам со неа, бидејќи мислам дека имаме многу исти мислења за Ф1. Охрабрувачки е да се види како се бори за нашата иднина со таква посветеност. Вистински пример за целиот свет, а посебно треба да слушаат постарите мажи. Мислам дека оваа идеја ми дојде кога остарев и станав татко. Ја преземав одговорноста и растев. Покрај тоа, секогаш сум љубопитен за други мислења“, вели Фетел во интервју за „Зудојче цајтунг“.

> Фетел: Имам исти размислувања како Грета Тунберг <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина