Утрински Весник
Спорт

Ферстапен најбрз на квалификациите во Бахреин, зад него пилотите на Мерцедес

Ферстапен најбрз на квалификациите во Бахреин, зад него пилотите на Мерцедес

Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои пол позиијата на денешните квалификации што се возеа на патеката во Бахреин. Ферстапен го извозе најбрзиот круг со време 1:28.997.

„Имавме сјајна недела во тестирање, нема гаранции, но болидот функционира како што треба, уживање е да се вози. Ветерот се менува, моравме да се прилагодиме, но успеавме. Среќен сум поради пол позицијата. Болидот е сјаен и на кратки и на долги патеки“ рече Ферстапен.

Зад него на утрешната трка ќе стартува актуелниот шампион Луис Хамилтон кој беше побавен за 0,388 секунди.

„Му честитам на Макс, одлично завршена работа. Го дадов максимумот, момците во фабриката завршиле одлична работа, близу сме до Ред Бул, тоа е успех“ рече Хамилтон по квалификациите.

Трето време имаше уште еден член на тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, додека од вториот ред, до него, утре ќе стартува Шарл Леклер со Ферари.

Ф1 трката во Бахреин започнува утре од 17 часот по средноевропско време.

> Ферстапен најбрз на квалификациите во Бахреин, зад него пилотите на Мерцедес <

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа