Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ферстапен „за влако“ пред Хамилтон во Зандворт

Ферстапен „за влако“ пред Хамилтон во Зандворт
300x250 opst2

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-пизицијата на трката за Големата награда на Холандија. Возачот на Ред Бул ја освои 10.пол-позиција во кариерата. Во последниот круг тој го постави најбрзото време 1.08.885 минути.

Лидерот во генералниот пласман, седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон, за влакно задоцни зад Ферстапен. Британецот имаше послаб резултат за 38 илјадити делови од секундата.

Колегата на Хамилтон, Валтери Ботас ќе стартува од третата позиција, а друштво во вториот ред ќе му прави Пјер Гасли од Алфа Таури.

Третиот ред го формираа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Место меѓу првите десет на стартот изборија и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео), возачите на Алпин Естебан Окон и Фернадо Алонсо, односно Даниел Рикардо од Мекларен.

Квалификациите ги обележа излетувањето на двата болиди на Вилијамс во финишот на втората квалификациска сесија.

Трката за Големата награда на Холандија, на патеката во Зандворт, ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

> Ферстапен „за влако“ пред Хамилтон во Зандворт <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент