Манчестер, 15 мај 2020 (МИА) – Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд призна дека очајно сака клубот да потпише со Џејден Санчо, бидејќи смета дека крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд може да донесе многу потребна смисла и имагинација во тимот предводен од Оле Гунар Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат Санчо и се верува дека ја водат трката за неговиот потпис ова лето. И покрај сериозните финансиски ефекти на пандемијата на коронавирус, Јунајтед сепак има намера да потпише со Санчо.
Говорејќи пред „Акро Академијата“ на Инстаграм, Рио призна дека сакал да го види Санчо во клубот: „Се надевам дека ќе потпишат со Санчо. Тој ја има онаа имагинација, оној дух што го сакам. Јунајтед се надева дека ќе преговара за трансфер од 120 милиони фунти со Дортмунд, иако многу се шпекулира дека трансферите низ цела Европа нагло ќе паднат поради пандемијата“.
Шефот на Дортмунд, Карстен Камер, во четвртокот призна дека клубот од Бундеслигата има намера да го задржи Санчо.
– Сакаме да ги задржиме нашите играчи во Дортмунд што е можно подолго. Колку помалку клубови се заинтересирани за Џејден, толку помалку ќе се жалиме, рече Крамер.