Алекс Фергусон 27 години го предводеше Манчестер Јунајтед. Еден од најславните тренер во историјата на фудбалот со клубот од „Олд Трафорд“ освои 38 трофеи.
Фергусон, вниманието го привлече како тренер на Абердин, во Манчестер пристигна на 6.ноември 1986 година, како наследник на Рој Еткинсон, кој никако не успеваша да го однесе Манчестер Јунајтед до шампионската титула.
Сепак, неговите почетоци не беа успешни. Во првата сезона Јунајтед завршија 11 на табелата. Во наредната сезона најави подобри денови, Јунајтед беа втори зад Ливерпул, но сезоната потоа „црвените ѓаволи“ завршија повторно на 11 место, а во сезоната 1989/90 тимот беше 13-ти.
На првите 100 натпревари, како менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон забележа само 48 победи. Сите негови наследници, со исклучок на Дејвид Мојс, биле поуспешни по првите 100 натпревари: Луј Ван Гал забележал 523 победи, Жозе Мурињо 62, а Оле Гунар Солскјер 55.
Фергусон од отказ се спасил благодарение на трофејот во ФА купот, во 1990 година. Тогаш Ли Мартин против Кристал Палас му го донесе првиот трофеј на Алекс Фергусон. Наредната сезона „црвените ѓаволи“ го освоија тогашниот Куп на победниците на куповите и сер Алкес ја започна својата импресивна низа.
Фергусон го предводеше Манчестер Јунајтед на 1.500 натпревари, забележа 895 победи.
Денес кога ќе новинарите ќе го прашаат за неговите наследници, тој дипломатски им одговара.
„Доколку имаше социјални медиуми во моето време, многу бргу ќе ме избркаа. Секогаш треба да застанете позади тренерот во кого верувате…“
? 34 Years Ago Today:
? Sir Alex Ferguson was appointed @ManUtd manager.
? 1,500 Games
✅ 895 Wins
? 338 Draws
❌ 267 Defeats
? 38 Trophies? The Best Ever. pic.twitter.com/ph113Khu8n
— SPORF (@Sporf) November 6, 2020
> Фергусон: Среќа е што во моето време немаше социјални медиуми <